Дома Фудбал Репрезентации Прво без Фелипе Луис, сега и без Сандро, Бразил против Русија и Германија со дебитант

Прво без Фелипе Луис, сега и без Сандро, Бразил против Русија и Германија со дебитант

brazil

Искусниот дефанзивец од Шахтјор мораше дополнително да биде повикан во националниот тим.

Првотимецот на Јувентус, Алекс Сандро отпадна од селекцијата на Бразил и така му прирерди вистински кошмар на селекторот Тите при составувањето на националниот тим за пријателските натпревари против Русија и Германија (23 и 27 март).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на „кариоките“ на позицијата лев бек остана без првотимецот на Атлетико Мадрид, Фелипе Луис, а откажувањето на Алекс Сандро го примора да побара нова опција. Одлуката падна на првотимецот на Шахјтор Исмаили Гонкалвес дос Сантос.

Oвој искусен фудбалер игра важна улога во украинскиот клуб каде што пристигна уште во 2013 година од Брага и до сега освои три шампионски титули и три национални купа.

За Исмаили ова ќе биде дебитантски настап во националниот тим на својата земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…