Дома Фудбал Репрезентации Првиот човек на ФС Шпанија: Морено се прави луд!

Првиот човек на ФС Шпанија: Морено се прави луд!

Фудбалскиот сојуз на Шпанија ги изненади сите со одлуката да му дадат отказ на Роберт Морено, откако ја победи Романија со 5-0.

Морено го презема селекторското место по заминувањето на Луис Енрике, кој мораше да се повлече поради болеста на неговата ќерка.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Енрике се врати на селекторското место на Шпанија и ќе ги води фудбалерите на следното Европско првенство, а тоа го потврди претседателот на сојузот, Луис Рубиалес.

„Можеме да потврдиме дека Луис Енрике повторно е селектор на Шпанија. На 19 јуни потпишавме договор со Морено, но ја оставивме отворена вратата за враќање на Енрике. Разговарав со Луис три пати. Во октомври Морено ми кажа дека Енрике сака да се врати, па така знаеше што се случува. Тој ја почна цела приказна, не знам што се прави сега луд“, порача Рубиалес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…