Дома Фудбал Англија Прва реакција на Манчестер Јунајтед по интервјуто на Роналдо

Прва реакција на Манчестер Јунајтед по интервјуто на Роналдо

Кристијано Роналдо очигледно планирано даде интервју во кое се збогуваше со Манчестер Јунајтед во пресрет на паузата во клупскиот фудбал поради Светското првенство во Катар.

Португалецот наводно поради настинка не беше во составот за натпреварот против Фулам кој тимот го доби со 2:1, а по овој натпревар следуваше бура на Островот. Во интервјуто со Пирс Морган Роналдо жестоко го критикуваше клубот и менаџерот Ерик Тен Хаг за кого јавно кажа дека не го почитува.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Португалецот наводно поради настинка не беше во составот за натпреварот против Фулам кој тимот го доби со 2:1, а по овој натпревар следуваше бура на Островот. Во интервјуто со Пирс Морган Роналдо жестоко го критикуваше клубот и менаџерот Ерик Тен Хаг за кого јавно кажа дека не го почитува.

Сепак, во првото официјално огласување, клубот само потенцира дека следи што се случува со Роналдо

„Клубот ќе размислува за одговор кога ќе бидат познати сите факти. Во моментов нашиот фокус е на успешно продолжување на сезоната, односно продолжување на моментумот, заедништвото и вербата кои владеат меѓу фудбалерите, стручниот штаб и фановите“ – стои во клупското соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тоти се враќа во Рома! Еве каква улога ќе има легендата на „Волчицата“

Франческо Тоти, иконата на Рома, е на прагот да се врати во клубот каде што го остави свој…