Дома Фудбал Франција Прашањата го налутија Енрике: Досадно е веќе…

Прашањата го налутија Енрике: Досадно е веќе…

Фудбалерите на Пари Сен Жермен вчера го победија Олимпик од Марсеј со 2:0, во дербито од француската Лига 1.

Во главна улога на теренот не беше Килијан Мбапе, кој беше заменет во 64. минута, а тренерот на ПСЖ, Луис Енрике повторно мораше да одговара на прашања во врска со смената на еден од најдобрите играчи во светот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Луѓето не се согласуваат со мојата одлука, но тоа не ме интересира. „Истата музика“ секоја недела, исто… Досадно е. Јас сум менаџер, секоја недела носам одлуки за кои јас сметам дека се најдобри. Давам се од себе за ПСЖ и ќе го правам тоа до последниот ден во Париз“, изјави Луис Енрике.

Од последните седум натпревари првата ѕвезда на ПСЖ заврши само еден на теренот и тоа е така веројатно поради заминувањето на Мбапе кое се очекува да се случи на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…