Вардар вчера изгуби од Веспрем, а навивачите и ракометарите после натпреварот оддадоа почит на прерано згаснатиот живот на членот на „Комитите“ Бојан Арсенов.
„Со голема жал ја примивме веста за прераната смрт на членот на Млада Екипа Комити Ченто, Бојан Арсенов. Сочуство до неговото семејство.Бог да му дарува царство небесно“, се збогуваа „Комити“ преку социјалните мрежи.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
По вчерашниот натпревар против Веспрем вардаровите навивачи истакнаа транспарент кој беше спуштен и доле до ракометарите.