Конор Мекгрегор изгуби од Кабиб Нурмагомедов во најголемата борба во историјата на УФЦ.
Кабиб го натера да се предаде со „гушење“. Во текот на вчерашниот ден се појавија гласини од извори блиску на првиот човек на УФЦ, Дан Вајт дека Ирецот му се јавил и побарал реванш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега стигна и потврдата од самиот Вајт!
Сепак, тој потенцираше дека прво ќе мора да се види каква ќе биде казната за Нурмагомедов.
„Кабиб ќе мора да се појави пред атлетската комисија на Невада и ќе видиме како сето тоа ќе заврши. Конор веќе ме побара и ми кажа дека сака реванш. Тоа е она што тој го бара, но треба да почекаме се да се заврши (случајот со Кабиб)“, изјави Вајт.
Мекгрегор реваншот го најави и преку својот Инстаграм профил.