Селекторот на португалската фудбалска репрезентација, Фернандо Сантош денес го објави списокот на играчи за почетокот на квалификациите за ЕУРО 2020 година.
Најголемата португалска ѕвезда Кристиано Роналдо се враќа во репрезентацијата за прв пат после Мундијалот кој се играше во јуни минатата години и ќе го предводи тимот во мечевите против Украина и Србија во квалификациите за ЕУРО 2020 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Суперѕвездата, случајно или намерно, ги пропушти сите натпревари од Лигата на нации, но сега се врати да му помогне на тимот во квалификациите.
Португалците најпрво ја дочекуваат Украина на 22-ри март во Лисабон, а три дена подоцна и Србија, исто така на стадионот „Луж“.
BREAKING: Ronaldo Back In Portugal Squad After Nine-Month Absence. https://t.co/wFLb0K07qN pic.twitter.com/pHRXzM2Nzn
— Channels Television (@channelstv) March 15, 2019
Повикани играчи:
Голмани: Руи Патрисио (Волвс), Бето(Гоцтепе), Хозе Ша (Олимпијакос).
Одбрана: Пепе (Порто), Кансело (Јувентус) Рубен Диас (Бенфика), Марио Руи (Наполи), Рафаел Гереиро (Борусија Дортмунд).
Среден ред: Данило Переира (Порто), Рубен Невес (Вулверхемптон), Жоао Мутињо (Вулверхемптон), Вилијам Карваљо (Бетис), Бруно Фернандес (Спортинг), Пици (Бенфика), Жоао Марио (Интер).
Напад: Бернардо Силва (Манчестер Сити), Андре Силва (Севиља), Кристиано Роналдо (Јувентус), Гонзало Гуедеш (Валенсија), Рафа Силва (Бенфика), Диого Јота (Вулверхемптон), Диего Соуза (Брага) и Жоао Феликс (Бенфика).