Дома Фудбал Репрезентации Потврдено: Капитенот на Перу го пропушта Мундијалот – поради кокаин!

Потврдено: Капитенот на Перу го пропушта Мундијалот – поради кокаин!

guererro05.15

Капитенот на перуанската фудбалска репрезентација, Паоло Гуереро сепак ќе го пропушти Светското првенство во Русија откако арбитражниот суд му одреди суспензија од 14 месеци поради позитивен допинг тест.

Гуереро прво беше суспендиран на една година по допинг контролата после натпреварот против Аргентина во квалификациите за Светското првенство на 6 ноември кога беше позитивен на кокаин.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После неговата жалба ФИФА му ја намали казната на шест месеци што значеше дека напаѓачот ќе може да настапи на Мундијалот во Русија.

Меѓутоа на напаѓачот тоа не му беше доволно испрати жалба и бараше целосно укинување на суспензијата, додека Светската антидопинг агенција бараше поголема казна.

На почетокот на на овој месец одржано беше сослушување, а во текот на вчерашниот ден стигна и одлуката која го шокираше Гуереро и навивачите на перуанската репрезентација.

Перу на Светското првенство во Русија ќе игра во група заедно со Франција, Данска и Австралија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…