Легендата на аргентинскиот фудбал Карлос Тевез ќе биде нов тренер на Индепендиенте.
Според медиумите, Тевез воопшто не бил во прв момент на радарот на клупското раководство како можно ново решение за шеф на стручниот штаб. Сепак, бројните неуспешни преговори го приморале претседателот Нестор Гриндиети да се насочи кон Тевез.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На средбата на преговорите аргентинскиот поранешен репрезентативец наводно го импресионирал Гриндиети со неговиот план и познавање на тимот на Индепендиете, па брзо се договориле.
Како што објавуваат медиумите, Тевез побарал да му бидат доведени три засилувања со акцент на нападот и одбраната.
Во својата тренерска кариера, Тевез го водеше Росарио Централ во 2022 година. Сезоната во Аргентина започна, а Индепендиети беше поразен во првото коло.