Дома Фудбал Останато Teвез се онесвестил и си ја скршил главата – итно бил пренесен во болница!

Teвез се онесвестил и си ја скршил главата – итно бил пренесен во болница!

Светски познатиот „ЕСПН“ објави дека 39-годишниот Карлос Тевез се онесвестил во неговиот дом и си ја скршил главата, по што итно бил пренесен во болница.

За среќа Тевез е во стабилна состојба, по санирањето на повредата не сакал да мирува и веднаш им се вратил на своите фудбалери од Индепендиенте за следниот натпревар.

Тевез го презема клубот минатото лето и досега со него оствари четири порази, три реми и еден пораз.

Во кариерата како играч Тевез настапуваше за Бока Јуниорс, Коринтијас, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и Шангај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не беше лесно да се каже „не“ на Реал Мадрид, објасни Родри

Новиот играч за врска на Барселона Родри објасни дека лично го информирал тренерот на Реал…