Дома Фудбал Карлос Тевез завршил во болница

Карлос Тевез завршил во болница

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез (40) изминатата вечер се соочил со еден драматичен момент во кој поради болка во градите завршил во болница.

Тевез моментално е тренер на Индепедиенте и ноќта ја помина во клиника во луксузната населба Сан Исидро во Буенос Аирес, откако се јави и побара лекарска помош.

Медиумите пишуваат дека поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити денеска треба да направи детални анализи, првичните наоди биле задоволувачки.

Самиот Тевез не даде никаков коментар, додека тамошните медиуми објавија дека најверојатно се е последица на преголемиот стрес кој го имал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Битка за одлепување во Хрватска: Славен и Истра израмнети пред дуелот

Славен Белупо и Истра 1961 го отвораат 12. коло со по 13 бода. Домаќинот доаѓа по победа н…