Дома Фудбал Италија Последна шанса за Алегри да ја освои ЛШ, потоа доаѓа Зидан?

Последна шанса за Алегри да ја освои ЛШ, потоа доаѓа Зидан?

Масимислиано Алегри ќе се обиде оваа сезона да ја освои Лигата на шампиони со Јувентус, а раководството на „старата дама“ му донесе засилувања за да може да ја исполни таа цел.

Ако не успее во тоа, Алегри на крајот на сезоната ќе ја напушти клупата на Јувентус. Така барем тврди „Мундо Депортиво“, кој дојде до информација дека во случај на неуспех во ЛШ на клупата ќе го замени Зинедин Зидан.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Легендарниот Французин го напушти кормилото на Реал откако три години последователно го освојуваше најпрестижниот пехар во фудбалскиот свет и моментално се одмара со семејството далеку од фудбалот.

Меѓутоа, Зидан често се поврзува со враќање на тренерската клупа, а „Мундо Депортиво“ дека следното лето ќе го преземе кормилото на Јувентус.

Се зависи од Алегри. Доколку успее да ја освои ЛШ тој ќе остане на клупата до крајот на договорот до 2020 година, но доколку доживее неуспех ќе биде заменет од Зинедин Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Германија потврдија дека Милер ќе игра во МЛС

Баерн Минхен, Томас Милер, потврди дека ќе игра во американската Мејџор лига Сокер, соопшт…