Дома Фудбал Италија После поразот од Милан, во тренинг центарот на Рома осамна порака за челниците на клубот

После поразот од Милан, во тренинг центарот на Рома осамна порака за челниците на клубот

Милан синоќа со голот на Кутроне во 95. минута ја совлада Рома со 2:1 во дербито на третото коло во Серија А.

Иако до последните секунди од натпреварот Рома имаше 1:1 на Сан Сиро, екипата на Ди Франческо не играше најдобро на натпреварот, исто како и на претходните два натпревари.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Рома во првите три кола освои четири бода, а незадоволните навивачи синоќа во тренинг центарот на Волчицата закачија протестен транспарент.

„Толку од Скудето, толку од Лига шампиони. Вашите трофеи се само профит и продажба.“ – гласи пораката на навивачите на Рома.

Имено, навивачите на Рома се незадоволни од политиката на клубот и одлуката да ги продава клучните играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слот одобрил заминување: Чеитир клуба во битка за фудбалер на Ливерпул

По трансферите на Луис Диас и Дарвин Нуњез, Слот зелено светло даде за продажбата на уште …