Андрес Иниеста ја напушти Барселона и стана нов член на јапонскиот клуб Висел Кобе.
Така, легендарниот играч од средниот ред тргна по стапките на поранешниот соиграч Чави, кој во 2015. година го напушти каталонскиот гигант и потпиша за катарски Ал Сад.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако на почетокот од наредната година ќе наполни 39. години, Чави се уште игра фудбал, а сега одлучи да го продолжи договорот со катарскиот клуб. Таму ќе остане уште две години.
„Среќен сум што ќе бидам дел од ова семејство уште две години. Сите ние сме едно семејство и сум задоволен што останувам во Ал Сад.“ – рече Чави.
После завршувањето на играчката кариера за Чави се спрема и селекторското место во Катар, а може да се случи тој да ја води оваа селекција на Мундијалот 2022. година во Катар.