Дома Фудбал Италија Поранешниот тренер на Милан се врати во Серија А

Поранешниот тренер на Милан се врати во Серија А

Искусниот Марко Џампаоло се врати во Серија А и тоа на клупата на Лече каде што викендов отказ доби Лука Готи.

Екипата на Лече мина низ турбулентен период и во овој момент се наоѓа на 17. место на табелата и ваквото сценарио беше очекувано.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Џампаоло со Лече потпиша договор до 30 јуни оваа години и ако успее да избори опстанок автоматски ќе му биде продолжена соработката.

Во својата кариера Џампаоло водеше екипи како Каљари, Сиена, Катанија, Чезена, Бреша, Кремонезе, Емполи, Сампдорија и Милан. Сепак, на клупата на „росонерите“ помина само седум натпревари и експресно доби отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Борусија Дортмунд во четвртфиналето на Светското клупско првенство: Со големи тешкотии го елиминираа Монтереј

Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија мексиканскиот Монтереј со 2:1 и станаа послед…