Eспањол ја запиша првата победа оваа сезона во Ла Лига, а единствениот гол на натпреварот го постигна поранешниот фудбалер на Барселона Мартин Брајтвајт.
Натпреварот беше решен во 83. минута кога Данецот се запиша во листата на стрелци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот започна со шанса за каталонскиот тим, а Атлетико се закани во финишот од првиот дел кога Ињаки Вилијамс со глава шутираше покрај стативата.
Билбао беше тимот кој доминираше во продолжение од натпреварот, меѓутоа одбраната на Еспањол не попушти, а казната преку Брајтвајт стигна казната за пропуштените прилики.
Padrea más si eso. pic.twitter.com/2GakqzOXTk
— RCD Espanyol de Barcelona (@RCDEspanyol) September 4, 2022