Пред две години Арпад Штербик беше дел од тимот на Вардар која ја освои Европа, а вчера кога Вардар одново се искачи на тронот Штербик беше на спротивната страна.
Штербик не го започна натпреварот поради повредата која ја заработи во натпреварот против Киелце, но сепак се одлучи да застане галот. Иако не залечен целосно од повредата Штербик запиша неколку одлични интервенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На крајот Вардар заслужено победи со 27:24.
„Не се здобив со скршеница, но не можев да одам утрото пред натпреварот. Имав болки во тетивата и отежнато се движев. Направив се што можам да помогнам, лошо започнавме, а така не можете да стартувате во едно финале. Лесно примавме голови, блокот не функционираше. Многу жалам поради Наѓ и Илиќ кои во последниот натпревар не успеаа да стигнат до трофеј“, порача Штербик.