Зинедин Зидан се наоѓа на чекор од оставка на местото на тренер во Реал Мадрид, барем така тврди новинарот Диего Торес.
Новинарот Диего Торес во разговор за британскиот „Тhe Independent“ истакна дека францускиот стратег размислува за оставка бидејќи не успеал да го доведе Пол Погба од Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа што не го доведе Пол Погба Зидан го донесе Зидан на чекор од оставка. Чично вети дека Погба ќе го доведе во Мадрид и тоа не го исполни. Фактот дека не ја исполни главната цел во преодниот рок повторно го разниша неговиот однос со Флорентино Перез“, соопшти Торес.
Зидан ова лето доведе голем број играчи, но само едно големо име (Еден Азар). Многумина сметаат дека „кралевите“ направиле премалку за да се борат за трофеи, а не е добар знак и лошата предсезона.
Реал не блескаше, многу лоши односи има внатре во клубот, повеќе се зборува за Зидан и односот со Бејл отколку за убавите работи.