Фудбалската федерација на Македонија вчера доби нов Генерален секретар, откако Наталиа Илиевска Божиновска го наследи Филип Поповски.
Поповски зад себе има два мандати, а сега се обрати до медиумите и повика за поддршка кон неговата наследничка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Дозволете да ви се заблагодарам на соработката во изминатите два мандати како Генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.
Заедно постигнавме многу успеси, но и лоши моменти кои се дел од фудбалскиот свет.
Драго ми е што како мој наследник доаѓа колешката Наталиа Илиевска Божиновска за нов Генерален секретар. Тоа е во согласност со нашите цели опишани во Стратегијата за развој на женски фудбал и обезбедување на поголема родова еднаквост во Федерацијата. Ве замолувам да ѝ ја пружите истата поддршка како што ми ја пруживте и мене. Верувам дека со ова сме пример, не само кај спортските организации во државата, туку и во регионот.
Јас и понатаму останувам во Фудбалската федерација на Македонија, работејќи на започнатите проекти согласно стратешките планови.
Ви благодарам.
Со почит,
Филип Поповски,
Фудбалска федерација на Македонија“.