Вардар денес го игра натпреварот од Лигата на шампионите против Кјелце во Скопје.
Кјелце е фаворит во овој дуел, но овој Вардар одново покажа дека може да се надигрува со секого. После почетното водство на гостинскиот тим од 0:1, Вардар направи серија од 5:0 и стигна до 5:1. По тој момент гостите почнаа да се враќаат во игра и полека ја топеа предноста и во 16. минута дојдоа до изедначување на 9:9. Имаа гостите тогаш напад и за водство, но не реализираа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во тој период Волф беше одличен на голот, па Вардар не реализираше неколку напади. Во 19. минута Кјелце првпат после почетните 0:1 дојде до водство (9:10). Вардар експресно изедначи со гол на Чупиќ (10:10). Со тој резултат се влезе во последните 10 минути од полувремето. Кјелце во наредните минути постигна два гола и дојде до плус два (10:12). Тука следуваше тајм-аут на Алушовски.
Недостасуваа одбрани во овие моменти, Кејлце го реализираше скоро секој напад, додека на другата страна го имавме одличниот Волф. Конечно по пауза од неколку минути Дибиров го совлада во Волф на четири минути до крајот за намалување на 12:14.
Категрел во последните минути од првиот дел доби шанса и два пати одбрани, меѓутоа одново немавме добра реализација, па на полувреме Кјелце замина со предност од 13:16
Најефикасен кај нас беше Чупиќ со четири гола, Јотиќ , Дибиров и Стоилов постигнаа по два, а по еден Калараш, Талески и Дисингер. Кантегрел и Борко собраа по две одбрани. Што беше премалку наспроти 10-те на Волф.