Дома Топ вести Покетино се правда: Не кажав дека остануваме со Мбапе сигурно и наредната сезона

Покетино се правда: Не кажав дека остануваме со Мбапе сигурно и наредната сезона

„Колкави се шансите да останам во ПСЖ наредната сезона? Во овој момент шансите се 100% да останам, истото важи и за Килијан Мбапе“, ова го изјави Маурисио Покетино пред два дена на прашањето за неговата иднина и предизвика бура од реакции во јавноста.

Ваквата изјава на Покетино ги израдува навивачите на ПСЖ кои се понадеваа дека има договор за продолжување на соработката со Мбапе. Меѓутоа на изјавата на Покетинот реагираше Карло Анчелоти.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Покетино изјавил дека Мбапе останува 100%? Добро, но тренерите понекогаш не ја зборуваат вистината…“, изјави вчера Анчелоти.

Аргентинскиот стратег очигледно ја видел изјавата на Анчелоти и одлучи да с поправи.

„Јас сум кажал дека јас и Мбапе 100% остануваме во клубот наредната сезона? Не! Зборував за сегашноста“, истакна Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Еве колку заработи Португалија со освојувањето на Лигата на нации

Португалија триумфираше во Лигата на нации по подобро изведување пенали против Шпанија. На…