Дома Фудбал Англија Покетино спремен да седне на кормилото на Челзи

Покетино спремен да седне на кормилото на Челзи

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино е подготвен да седне на кормилото на Челзи, доколку сопствениците на „сините“ решат да се разделат со Грем Потер.

Аргентинецот е без работа од јули, кога беше ослободен од Пари Сен Жермен, а лошите резултати на Челзи под водство на Потер го ставија тренерот под голем притисок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во моментов, сопственикот Тод Боели нема намера да го отпушти поранешниот менаџер на Брајтон, но доколку лошите резултати продолжат, голема е веројатноста Потер порано или подоцна да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Според медиумите на Островот, Покетино е подготвен веднаш да ја прифати работата доколку Тод Боели го побара, а неговото минато во Тотенхем нема да биде пречка. Тој живее во Лондон и сака да работи во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…