Маурисио Покетино од неодамна и официјално ја започна својата епизода во Челзи, а сега не криеше дека е во одлични односи со Хари Кејн.
На Челзи му е потребно засилување во нападот, а Покетино не крие дека секој би посакал да има играч во составот каков што е Кејн.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не е тајна дека со Кејн сум во одлични односи, но тоа не мора ништо да значи. Секако, кој не би посакал да има еден таков играч во својот тим.
Британските медиуми веднаш оваа изјава на Кејн ја пренесуваат и како најава за можен трансфер на англискиот голгетер. Кејн има уште една година од договорот со Тотенхем, а во овој преоден рок се поврзувашѓе и со Баерн Минхен.