Дома Фудбал Англија Покетино распали по ѕвездите на Челзи: Не ги исполнуваме стандардите на Премиер лигата

Покетино распали по ѕвездите на Челзи: Не ги исполнуваме стандардите на Премиер лигата

Тренерот на Челзи, Маурицио Покетино е разочаран од ремито против Барнли во Премиерлигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челси играше со фудбалер повеќе од првото полувреме и двапати имаше водство, но не успеа да го задржи и Банли успеа да се избори за реми 2:2.

„Не покажавме капацитет, желба и глад за победа, а тоа е задолжително за тим во Премиерлигата. Вознемирен сум и разочаран, посебно затоа што му дозволивме на Барнли да игра толку многу на теренот. Се опуштивме по водството и тоа ни донесе уште едно разочарување“, кажа Покетино.

„Во случајов повеќе се работи за она што го имаме во срцата и главите, отколку во нозете, многу слабо напредуваме во однос на колективниот квалитет и потребата да изгледаме како екипа на теренот“, додаде Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Норвежаните ја тужат ФИФА поради мешањето на Трамп

Норвешката фудбалска федерација е подготвена да поднесе официјална жалба до Етичкиот комит…