Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино потврди: ПСЖ ќе биде ослабен против Барселона

Покетино потврди: ПСЖ ќе биде ослабен против Барселона

Maурисио Покетино, тренерот на ПСЖ објави дека неговиот тим ќе биде без Анхел Ди Марија во дуелот од Лигата на шампионите против Барселона.

Ди Марија се повреди и нема да биде на располагање на Парижаните за осминафиналните дуели од Лигата на шампионите кои ќе следат.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Аргентинскиот репрезентативец неодамна се повреди против Марсеј, а Покетино потврди дека нема да се опорави на време за дуелите од Лигата на шампионите.

„Анхел нема да игра против Барселона. Тој е многу важен играч за нас, но и понатаму сметам дека имаме доволно добар тим кој ќе може да и се спротистави на Барселона“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанија поради Израел се заканува со бојкот на Светското првенство!

Официјалните лица на шпанската влада навестуваат дека би можеле да ја повлечат својата реп…