Маурисио Покетино го даде првото големо интервју за медиумите откако седна на клупата на Пари Сент Жермен.
Покетино проговори за сите „жешки теми“, иднината на Килијан Мбапе, како и евентуалните трансгфери на Меси и Серхио Рамос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Килијан Мбапе:
„Кој не го сака Килијан, тој едноставно те тера да го сакаш со таа насмевка и енергијата. Тој стана светски шамион на 19 години и постигнува импресивни нешта, специјален е. Предизвик е да се работи со таков талент, бидејќи тоа те прави подобар тренер. Има многу шпекулации поврзани со него, но јас сметам дека ќе игра во ПСЖ уште долго време“.
За Лионел Меси
„Имам респект кон другите клубови и разбирам дека може да се налутат ако зборувам за Меси. Но го разбирам светот на фудбалот, каде нема светци, и секој прави тоа што смета дека е најдобро. Што и да кажам за Меси ќе биде интерпретирано на погрешен начин и ќе останам неразбран. Тој е неверојатен фудбалер и може да игра во секој клуб“.
За Серхио Рамос
„Во ПСЖ најдов играчи со одлични лидерски квалитети. Големи играчи можат да играат во различни клубови и брзо да се прилагодат на нови проекти. Стратегијата на ПСЖ останува иста, ќе го разгледаме пазарот и ќе донесеме играчи кои можат да ни помогнат да станеме подобри. Тука Рамос ќе најде одличен клуб кој се бори за сите трофеи“.