Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски вчера емотивно се збогуваше со навивачите на Абердин и само прашање е на време кога ќе се официјализира неговиот трансфер во Жирона.
Најавите се дека тоа ќе се случи во текот на оваа недела. Абердин како оштета за Миовски ќе добие сума од осум милиони евра и тоа за нив е одлична зделка ако се знае за колку го доведоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Абердин го купи Миовски од МТК за 650.000 евра и тоа значи дека за 24 месеци во клубот на него ќе заработи 12 пати повеќе.
Првото коло во шпанското првенство на програмата е за викендот, а Жирона в четврток ќе се соочи со Бетис. Засега не се знае дали Миовски ќе го комплетира трансферот и ќе биде спремен за тој дуел.