Дома Фудбал Италија Познато кога Киелини ќе се врати на терените

Познато кога Киелини ќе се врати на терените

Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини се очекува да се врати на терените во февруари или најдоцна во март, пренесуваат италијанските медиуми.

35-годишниот дефанзивец ги скина вкрстените лиганети на коленото на почетокот на сезоната и моментално се рехабилитира од повредата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Мислам дека ќе бидам спремен во февруари-март. За жал тоа е многу долг период. Бев неколку дена на одмор и се вратив да продолжам со рехабилитацијата. Потребно е трпение“, изјави Киелини.

Киелини најверојатно ќе го одигра последниот дел од сезоната и ќе биде спремен за настап за Европското првенство со италијанската репрезентација.

Неговиот договор со Јувентус истекува на крајот на сезоната, но најверојатно ќе продолжи уште една сезона со „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Робертсон собраа сили даа се прости од Жота – од пораката се крши срцето!

Во фудбалскиот свет се случи неизмерна трагедија кога Диого Жота, фудбалерoт на Ливерпул, …