Најавата на Зинедин Зидан дека е многу блиску до враќање во тренерската работа, ги засили шпекулациите за негово доаѓање во Јувентус.
Јувентус игра многу лошо сезонава, испадна од Лигата на шампиони и заостанува во Серија А, па навивачите веруваат дека Зизу би бил идеална замена за Алегри.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, неговиот пријател и сонародник Тиери Анри смета дека тоа е невозможно бидејќи Зидан сака да ја преземе репрезентацијата.
„Го поврзуваа со многу клубови, но мислам дека тоа нема да се случи. Мислам дека тој не го сака тоа. Гледам како Зидан ја чека репрезентацијата. Тоа би било сосема логично“, вели Анри.
После Мундијалот Дешамп може да го напушти селекторското место, а Зидан е фаворит за негов наследник.