Левиот бек на Милан, Тео Хернандес поради повреда ја напушти репрезентацијата на Франција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот денес се врати во Милано каде му беа направени детални лекарски прегледи и беше констатурана мускулна повреда на адукторот.
Од Милан потврдија дека Тео веднаш започнал процес на рехабилитација и за следната недела ќе оди на нови прегледи.
Тој сигурно ќе го пропушти првиот меч после паузата против Емполи, а надежите на „росонерите“ се дека ќе биде спремен за мечот со Челзи во Лигата на шампиони.