Утрово главна вест во голем број од странските медиуми беше дека Пол Погба се повлекува од репрезентацијата на Франција поради анти-исламска изјава на претседателот Емануел Макрон. Погба со една кратка порака преку Инстаграм стори порача дека станува збор за лажни вести (тука).
Нешто подоцна фудбалерот објави и соопштение во кое најавува тужба кон англискиот таблоид „Сан“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
– „Сан“ повторно го направи тоа…Неточни вести кружат за мене во јавноста, се цитираат работи кои јас ниту сум ги кажал, ниту сум ги помислил. Шокиран сум и фрустриран што некои „медиуми“ ме користат мене за лажни вести и насловни за сензитивни теми кои се случуваат Франција, ставајќи го националниот тим во прв план. За жал некои луѓе не се одговорни и пишуваат вести без истите да се проверат, така се креира ланец кој може да влијае врз луѓето“.
„Ќе превземам активности против објавувачите на овие 100% лажни вести. „Сан“ не се грижи. Некои ваши момци не запаметиле она што ги учеле, да не пишуваат нешто додека не се сигурни. Повторно направивте такво нешто и овој пат на многу сериозна тема, засрамете се“, порача Погба.