Пол Погба доби намалување на суспензијата и од март месец следната година ќе може да се врати на терените.
Погба е се уште играч на Јувентус, но медиумите тврдат дека „старата дама“ му порачала да си бара нов клуб,а Французинот пак е спремен да ја намали платата за да осатане во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сите ќе видат еден нов Погба, погладен, помудар и посилен. Напорно тренирав и подготвен сум да се вратам во нормала во 2025. Имам само една желба – да играм фудбал“.
„Фокусиран сум само на тоа повторно да играм во дресот на Јувентус. Во моментов сум фудбалер на Јувентус, и само тоа ми е на ум. Спремен сум да се откажам од пари за да играм во Јувентус. Сакам да се вратам“, изјави Погба.