Јувентус вчера потврди дека уште еден играч од нивниот тим е заразен со коронавирусот, а станува збор за Блез Матуиди.
Прв од редовите на Јувентус кој се зарази беше Даниеле Ругани, а вчера беше потврдено дека Матуиди е вториот заразен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот играч за врска доби голема поддршка на социјалните мрежи, денес се огласи и неговиот соиграч од репрезентацијата на Франција, Пол Погба.
Погба објави видео во дрес од Јувентус со името на Матуиди под кое напиша:
„Поддршка на нашите пријатели Матуиди, Албин Екдал и на сите спортисти и луѓе ширум светот. Бидете силни и останете дома. Знам дека сите ќе зборувате за тоа дека сум во дрес од Јувентус, но јас само го поддржувам својот соиграч и ништо повеќе“; порача играчот за врска на Манчестер Јунајтед.