Пол Погба е спремен да преговара околу продолжување на договорот со Манчестер Јунајтед.
По доаѓањето на Солскјер, Погба игра одлично и беше еден од клучните играчи во седумте победи во низа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Погба во неколку наврати беше поврзуван со заминување од Јунајтед и враќање во Јувентус, но по отказот на Мурињо се чини дека Французинот е спремен да остане во Јунајтед.
The Sun денеска пренесува информација дека се спремаат преговори околу негово продолжување на договорот кој истекува летото 2021. година.
Истиот извор тврди дека Погба има моментална плата од 290 илјади евра неделно, но сака зголемување на 500 илјади евра, со што би имале исти примања со Алексис Санчез.
Французинот оваа сезона постигна десет погодоци и запиша осум асистенции во 26 настапи во сите натпреварувања.