Maрио Танкоски не е единствениот кој има проблеми со повреда пред почетокот на втората фаза на Мундијалот во Египет.
Селекторот Брестовац пред новинарите откри дека има уште неколку повреди во нашиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имаме уште неколку поситни проблеми, Кузманоски беше поштеден поради проблем со грбот, не сакав да ризикувам. Димитриоски и Крстевски се пожалија на болки во препоните, кај Танкоски проблем е коленото. Утре ќе знам на кого ќе можам да сметам за натпреварот со Словенија“, изјави Брестовац.
Македонија натпреварот со Словенија го игра утре од 15:30 часот.