Надминати се сите проблеми Саудискиот принц Мохамед Бин Салман и неговиот инвестиционен фонд станаа сопственици на Њукасл.
Како што објави државната телевизија во Саудиска Арабија, раководството на Премиер лигата дало зелено светло за продажбата на клубот и Салман со неговата компанија ќе стане нов сопственик на клубот од „Сент Џејмс Парк“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Принцот клубот го купи од Мајк Ешли за 300 милиони фунти, а во претходниот период постоеа проблеми околу договорот и добивањето на дозвола бидејќи Саудиска Арабија е обвинета за кршење на човековите права.
Сепак, кога веќе објави државната телевизија во оваа земја можеме да ја сметаме работата за завршена.
Мохамед бин Салман располага со неверојатни 320 милијарди фунти. Колку за споредба газдата на Сити, шеикот Мансур „тежи“ само „смешни“ 24 милијарди. Ако сакате, сите клубови заедно во Премиер лигата, односно нивните газди, не „тежат“ колку оној на Њукасл.
فيديو | رابطة الدوري الإنجليزي تعطي الضوء الأخضر لإتمام صفقة الاستحواذ السعودي على نادي #نيوكاسل #الإخبارية pic.twitter.com/7NdqQDFC8v
— قناة الإخبارية (@alekhbariyatv) May 21, 2020
Тука можете да погледнете во каков замок живее новиот газда на англискиот премиерлигаш.