Дома Топ вести Повеќе нема дилеми, потврди и Шалке: Баерн БЕСПЛАТНО добива фантастично засилување!

Повеќе нема дилеми, потврди и Шалке: Баерн БЕСПЛАТНО добива фантастично засилување!

Баерн Минхен повторно продолжува по стариот рецепт да ја ослабува конкуренцијата.

Повеќе нема дилеми, Леон Горетцка во текот на летото преминува во Баерн Минхен како слободен фудбалер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Денес Шалке на својот официјален профил на Твитер потврди дека Горетцка останува тука до летото, а потоа ќе го засили големиот конкурент од Бундес лигата.

22 годишниот Германец во Шалке пристигна во 2013 година од редовите на Бохум, а со текот на времето стана и репрезентативец на Германија.

Да потсетиме интерес за него во последно време покажуваше и англискиот гигант Ливерпул, но Баерн не дозволи „црвените“ да им го „украдат“ планираното засилување.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…