Кениецот Гилберт Кимплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон кој се одржа денес со време од 2:11.47 часа и малку фалеше да го сруши рекордот на маратонот.
Но, по завршувањето на маратонот се случи и драматична сцена во која Чумба се сруши на земја, па мораше да му се укаже лекарска помош.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На второто место зад него заврши Чериот Муге со време од 2:12,20, додека третото место му припадна на уште еден Кениец, Емнауел Кипкогеи (2:20,41).
Победник на полумаратонот беше Мохамед Ел Гаузани од Мароко, додека во женска конкуренца победата ја однесе Ема Черуто Ндива од Кенија (2:31.30).