Дома Фудбал Переc заврши со првото големо засилување на Реал за лето, а потоа отпиша две ѕвезди на Кралскиот клуб.

Переc заврши со првото големо засилување на Реал за лето, а потоа отпиша две ѕвезди на Кралскиот клуб.

Кралскиот клуб ни оваа сезона не блеска премногу, а најдобар доказ за тоа е одлуката на Переc да му врачи отказ на Xаби Алонсо по само половина година, и на неговото место дојде Алваро Арбелоа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реал веќе го изгуби шансата да го освои Кралскиот куп и Суперкупот на Шпанија, а моментално сè уште се борат за Лигата на шампионите и Првата Лига.

Иако минатото лето направија одредени промени во играчките редови и се обидоа колку-толку да го подмладат тимот, јасно е дека не функционираат најдобро, и Переc е свесен дека ќе мора да вложи пари за засилувања и ова лето.

Претседателот на Реал сѐ повеќе се најде на мета на критиките од навивачите и затоа ова лето сака да ги смири со „бомбастични“ засилувања.

Првата цел на Реал е да ја засили одбраната за следната сезона, бидејќи тоа веќе некое време е најслабата точка на кралскиот клуб, па тренерите често мора да експериментираат со користење на играчи од средината во одбраната.

Переc знае дека мора да стави крај на тоа и сака промени во одбраната, но покрај новите засилувања, јасно е дека ќе има и оние што ќе ги спакуваат куферите и ќе го напуштат Мадрид.

Шпанските медиуми утрово пишуваат дека Реал нашол нов стопер што ќе игра во парот со Деан Huijsen, а тоа е германскиот репрезентативец Николас Шлотербек.

Меѓутоа, за Реал да донесе нови дефанзивци, мора да се ослободи од оние на кои повеќе нема да смета, а наводно клубот веќе отпишал двајца искусни играчи.

Се работи за Антонио Рудигер и Давид Алаба кои речиси сигурно ќе го напуштат Реал Мадрид ова лето и ќе ја побараат својата среќа во други клубови.

Треба да се истакне и дека Шлотербек не е единствениот што Реал го следи и имаат цел да донесат барем уште еден стопер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан тргнува по Габриел Жесус

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус активно бара нов предизвик, откако го загуби првотимскио…