Дома Фудбал Сега веќе е сериозно: Роналдо го пропушти и третиот натпревар за Ал-Наср

Сега веќе е сериозно: Роналдо го пропушти и третиот натпревар за Ал-Наср

Фудбалерите на Ал-Наср го победија Аркадаг од Туркменистан со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на АФК Лигата на шампионите 2, а Кристијано Роналдо го пропушти и третиот последователен натпревар за клубот од Саудиска Арабија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Единствениот гол на средбата го постигна Абдулах Ал-Хамдан, со што Ал-Наср стекна минимална предност пред реваншот кој следната недела ќе се игра во Ријад.

Роналдо, кој од неговото доаѓање во клубот во декември 2022 година сè уште нема освоено голема титула, повторно не беше во составот.

Неговото отсуство доаѓа во момент кога во медиумите се шпекулира за неговото незадоволство од начинот на управување со клубот од страна на саудискиот Јавен инвестиционен фонд (PIF), во чија сопственост се и Ал-Хилал, Ал-Ахли и Ал-Итихад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Богдановиќ повторно е хит: Никогаш не сум видел како плачат повеќе милијардери од ова СП, уште само Меси да заплаче

Поранешниот фудбалер на Железничар, Раде Богдановиќ, повторно го привлече вниманието со св…