
Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, го сподели своето гледиште за приказната што стана вирална меѓу фановите во последните месеци – случајот со познатиот обожавател Франк Илет, кој вети дека нема да се шиша се додека „Црвените ѓаволи“ не остварат пет последователни победи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ова необично ветување Илет го даде пред дури 494 дена, но Јунајтед сè уште не успеа да ги постигне тие пет победи во серија.
Руни јасно го изрази своето неодобрување за целата приказна во подкастот „No Tippy Tappy Football“.
“Би го пратил на крајот на светот, навистина ми оди на нерви.”
“Разговараме за Карик и Јунајтед како се борат за петтата победа по ред, а сета фама е околу тоа дали овој тип ќе се шиша. Сигурен сум дека би бил очаен ако Јунајтед победи на петтиот натпревар, бидејќи тогаш би станал потполно небитен.”