Дома Фудбал УЕФА се договори со Реал Мадрид и стави крај на проектот за Суперлига

УЕФА се договори со Реал Мадрид и стави крај на проектот за Суперлига

УЕФА постигнала договор со Асоцијацијата на европските фудбалски клубови и Реал Мадрид, за доброто на европскиот клупски фудбал. Ова го објавија од европската фудбалска централа. Договорот ќе послужи за решавање на правните спорови во однос на проектот за европската Суперлига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид беше последниот клуб што го поддржуваше создавањето на нов турнир со учество на најголемите тимови во Европа, чија основа беше да се потпре на традициите, а не на моменталната состојба и претставување.

Пред неколку дена Барселона објави дека се откажува од Суперлигата. Проектот започна во 2021 година со амбиција да го реформира европскиот фудбал, но од самиот почеток беше соочен со силна институционална и јавна отпорност.

Од УЕФА соопштија дека после неколку месеци разговори постигнале договор со Европските фудбалски клубови и Реал Мадрид. Од централата не даваат детали во врска со договорот, но по сè изгледа тоа значи крај на проектот за Суперлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Летна бомба од Босфор: Фил Фоден за 70.000.000 евра!?

Галатасарај започна контакти со Манчестер сити во врска со можен трансфер на англискиот ре…