Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски денес настапува на Олимписките игри во Токио.
Денес борбите Георгиевски ги започна со победата против светскиот шампион од Куба, Алба, а потоа следуваше борба со натпреварувачот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане во четвртфиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во борбата и Гбане и Георгиевски влегоа претпазливо, па по првата рунда стоеа почетните 0:0. Во втората Георгиевски тргна нешто поагресивно и успеа да стигне до водство од 3:1. Со таа предност Георгиевски влезе во завршната трета рунда.
Третата рунда започна офанзивно, а Георгиевски на минута пред крајот на борбата започна да го трасира патот кон полуфиналето. На таа минута до крајот Георгиевски стигна до водство од 9:4.
Таа предност Георгиевски ја одбрани до крајот и се избори за место во полуфиналето! Полуфиналето е за еден час во 9:45 по македонско време. Таму Георгиевски ќе се бори против Кио Дон Ин од Кореја.