Новак Ѓоковиќ доживеа рана елиминација на УС Опен и падна на четвртото место, а победата изминатата вечер на Јаник Синер против Медведев беше добра вест за Србинот бидејќи го спречи дополнително да назадува.
Ако Медведев славеше со Синер ќе скокнеше на четвртата позиција бидејќи разликата помеѓу него и Новак е само 85 бода.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
До крајот на сезоната Медведев сепак има реални шанси да биде пред Ѓоковиќ бидејќи тој брани 1.055 бодови, а Ѓоковиќ 2.300.
Кога е врвот во прашање, Синер има голема предност и тешко дека некој ќе го симне од првата позиција.