Дома Фудбал Англија По три тешки сезони, ова е „Топчијата“ кој се враќа дома

По три тешки сезони, ова е „Топчијата“ кој се враќа дома

Метју Дебуши кој во моментов е член на Арсенал наскоро би требало да потпише за Ница. Во следните 24 часа, Дебуши ќе ги мине медицинските прегледи и ќе го комплетира својот трансфер во редовите на францускиот тим.

Некогашниот француски репрезентативец во Ница пристигнува како замена за Рикардо Переира кој по двегодишна позајмица се врати во Порто.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бекот кој во Арсенал пристигна во 2014. година од Њукасл за 12 милиони фунти, немаше среќа се чини на „Емирати“. Во три сезони колку ги мина во Арсенал имаше само 13 настапи.

Дебуши многу пати беше повреден што го чинеше сериозно во однос на настап во редовите на екипата на Венгер.

За репрезентацијата на Франција запиша 27 настапи и постигна 2 погодоци. Освен за Арсенал, тој настапуваше и за Бордо, Њукасл и Лил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…