Дома Фудбал Германија По поразот од Астон Вила Германците жестоко удрија по Кејн и Ноер

По поразот од Астон Вила Германците жестоко удрија по Кејн и Ноер

Баерн Минхен вчера претрпе пораз од Астон Вила во Лигата на шампионите, а по овој натпревар медиумите во Германија не штедеа критики кон избраниците на Компани.

Најмногу критикувани се Хари Кејн и голманот Мануел Ноер кој е означен како виновник за постигнатиот гол на Дуран.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кејн беше оценет со најлошата можна оценка на „Билд“ (п.д  5 од 6). Во целиот натпревар тој упати само еден удар кон противничкиот гол.

„Се врати во Англија и стана невидливи, но не направи ништо и против Леверкузен“.

Не беше поштеден ниту Мануел Ноер.

„Каде беше Ноер? Стилот на игра кој му е ризичен беше казнет при постигнувањето на голот. Стоеше предалеку“, пишува весникот.

Кејн и Ноер беа тие кои најмногу се критикуваа, меѓутоа се испраќаа критики и за Коман и Дејвис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса ја „краде“ големата желба на Реал Мадрид

Барселона се вклучи во трката за потписот на  за дефанзивецот на Леверкузен и германската …