Дома Македонски спорт Мак фудбал По пет години Тетекс повторно ќе игра на Градскиот стадион во Тетово

По пет години Тетекс повторно ќе игра на Градскиот стадион во Тетово

По цели пет години ФК Тетекс повторно ќе биде домаќин на Градскиот стадион во Тетово, пишува порталот „Напред Тетекс“.

Последен пат Тетекс како домаќин на Градскиот стадион играше на 01.03.2015 година во првото пролетно коло од Прва МФЛ и тоа против лутиот ривал – Шкендија, потоа во 2018-та година еден натпревар од куп финалето на ОФС Тетово против Љуботен за конечно во 2020 година да се врати конечно за првенството.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Една добра вест но другата не е така добра бидејќи поради пандемијата од коронавирусот во светот така и во Македонија ќе бидеме спречени и одалечени според ФФМ до првиот дел од новата сезона за влез на стадионите кој ќе се играат без публика.

Затоа можеби сите љубители на фудбалот во Тетовско и најголемиот дел на Војводите највеќе ќе го мачи тој факт баш кога Тетекс се враќа во својот храм повторно да не биде во можност да го гледа во живо.

Тетекс во недела на 23.08.2020 од 17:00 часот во првото коло ќе го пречека тимот на ФК Кораб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

УЕФА го осуди нападот над претседателот на ФФМ

УЕФА најостро го осудува неодамнешниот напад врз претседателот на Фудбалската федерација н…