Изминатиот викенд тимот на Тетекс одигра 0:0 со Каменица Саса, но повторно тетовскиот тим беше оштетен од судиите.
Минатиот викенд Тетекс очигледно беше оштетен во натпреварот против Караорман и за тоа доби извинување од Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Извинувањето клубот го прифати, иако не им значеше многу, за викендов повторно да имаат на што да се пожалат. Сега Тетекс порачува дека не прифаќа извинување и ќе поднесе кривична пријава против помошникот судија, Филип Николов.
„И повторно после едно коло ФК Тетекс е оштетен од судиите, поточно од помошникот Филип Николов и повторно донесена погрешна одлука и изгубени бодови и не бараме алиби како што федерација изјави, бараме на секој натпревар до крај фер и поштено судење без големи грешки, но очигледно многу бараме!
Голот кој беше признат на ФК Караорман ни одзема 1 бод, вчерашниот поништен гол ни одзема 2 бода, епа не е тешка математиката да имавме поштено судење сега ќе бевме на сигурна позиција на табелата.
И за крај сакаме да се обратиме со прашање до ониее кој учестуваваа во делегирање судии:
1.Како на натпревар со голем влог за две екипи вие делегирате помошен судија на кој овој натпревар му е втор во 2 мфл а останатите се во трета лига и младински лиги?!
На сликата јасно се гледа дека фудбалерот на ФК Саса со број 5 е последен фудбалер во одбраната а фудбалерот на ФК Тетекс со број 7 кој го постигнува голот е пред последниот фудбалер на ФК Саса .
Овој пат НЕ прифаќаме извинување! Овој пат ќе поднесеме кривична пријава против помошникот судија Филип Николов за обештетување на последнича штета!
Еднаш за секогаш мора да дојде крајот за вакви судиски одлуки, со кои се одлучува судбината на некој клуб!“, стои во соопштението.