Дома Останати По една деценија ја напушта Барселона

По една деценија ја напушта Барселона

Данскиот ракометар Јеспер Нодесбо по една деценија минати во редовите на Барселона, го напушта шпанскиот гигант.

– Направив договор со клубот. Не беше лесно да донесам ваква одлука, но, пресуди потребата да се вратам во мојата татковина. Беше привилегија да се игра за Барселона, во која го доживеав својот сон. Овде основав семејство и на лето со мене во Данска вода два мали Каталонци, изјави Нодесбо низ солзи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нодесбо, кој во Барселона дојде во 2007 година, ги освои сите можни титули, а сметајќи ги и оние кои ги освои со репрезентацијата на Данска тој во својата богата кариера има вкупно 38 трофеи.

– Освоивме седум титули во Шпанија едноподруго, а засекогаш ќе го паметам освојувањето на Лигата на шампионите во 2011 година. Позади мене ги оставам најубавите денови од мојот живот. Играв ракомет во најдобриот клуб на светот. Се уште дефинитивно немам решено што понатаму. Разговарав со многу тимови, но уште ништо не е дефинитивно. Сакам да играм во мојата земја, објасни пивотменот пред шпанските медиуми по мечот против Морацо Кангас кој Барселона го доби убедливо со 37-19.

Покрај Данецот, на крајот на сезоната Барселона ќе ја напушти и капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.

Но, Нодесбо и Лазаров ќе бидат дел од шпанскиот првак на дуелот против македонскиот шампион Вардар на завршниот фајнл-фор турнирот во Лигата на шампионите во Келн и тоа во полуфиналето закажано за 3 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…