Фудбалерот на Аталанта Мартен Де Рон се потсети на вечерта кога неговиот тим оствари историски пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Аталанта на „Местаља“ славеше со 4:3 и го обезбеди пласманот помеѓу најдобрите осум, но славјето на играчите не траеше предолго. Враќањето во Бергамо било враќање во хорор ситуацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сега сме во карантин, но никогаш претходно не сум имал ситуација како после натпреварот со Валенсија. Бевме среќни околу еден час после таа победа, а потоа се вративме во Бергамо. Улиците беа празни и се што можеше да се слушне беше брзата помош и црковните ѕвона кои означуваа смрт на други луѓе. Верувам дека подобри денови ќе дојдат многу брзо, сакам да им посакам на сите да имаат сила во наредните неколку недели“, изјави Де Рон.
Бергамо се наоѓа на северот на Италија кој е посебно погоден од коронавирусот и веќе со денови ситуацијата таму не се подобрува.